198
Торино обезбеди место во
осминафиналето од италијанскиот куп откако славеше со 2-0 на домашен терен над
Карпи, головите за победничкиот табор ги постигнаа Фалке и Белоти.
Интересен момент се
случи во финишот од средбата кога голманот на домаќините, Србинот Вања
Милинковиќ-Савиќ доби прилика да бие од слободен удар.
Србинот со разорен удар
и мошне прецизен беше на прагот да постигне вистинска мајсторија од гол, но на
негова несреќа неговиот силен удар само ја разниша конструкцијата од голот.