Голманот на Ренџерс имал внатрешно крварење и завршил во болница, го скока шкотското дерби

by 24 фудбал
1 минути читање

Голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батленд во вторникот беше хоспитализиран.

Причината за тоа што заврши во болница е сериозно внатрешно крварење во ногата. Поради тоа тој ќе го скокне дербито со Селтик кое се игра денес. Засега не е познато која е причината за таквата состојба на голманот.

31-годишникот е пуштен на домашно лекување и го чека пауза која не се знае колку ќе биде долга.

Инаку, Батленд во минатото беше голман на повеќе англиски клубови, своевремено и репрезентативец на оваа земја, а најдолго бранеше во Стоук. Меѓу стативите на Ренџерс е од 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани