Голманот на Киево му се заблагодари на Роналдо иако од него доби скршеница на носот

by
1 минути читање

Кон финишот од мечот, се случи судир меѓу голманот на Киево, Стефано Сорентино и Кристијано Роналдо, подебелиот крај го извлече чуварот на мрежата на домаќините кој на носилки беше изнесен од теренот.

Искусниот 39-годишен Сорентино преку својот твитер профил откри дека добил порака од Роналдо кој му посакал брзо опоравување, па тој сега му се заблагодарува на Португалецот.

„Добив порака за поддршка и брзо опоравување од Кристијано Роналдо. Ти благодарам легендо!“, стои во твитот на голманот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×