Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со пресврт славеше победа од 2-1 над Ерменија.
Ерменија прва дојде до водство по 38 минути игра, а ние речиси и да не прикажме ништо во првите 45 минути, па на пауза заминавме со негатива.
Во второто полувреме заигравме подобро и по десет минути, фудбалерот на Работнички, Трајков стрелаше со глава за 1-1
Одлучувачкиот момент се случи во 83. минута кога Трајков сакајќи да пронајде некој свој соиграч во нападот испрати една топка од средината на теренот, а голманот на Ерменците, Давитјан лошо ја процени топката, па заврши зад неговиот грб.
За Македонија ова беше прва победа во квалификациите за Европскоо првенство откако претходно во првите две кола загубивме од Полска и Италија.