Голманот на Дортмунд открива повеќе детали: Слушнавме силна експлозија, сите веднаш клекнавме

by
2 минути читање

Автобусот кој ги
пренесуваше играчите на Борусија Дортмунд до Сигнал Идуна Парк за дуелот со
Монако во Лигата на Шампионите беше мета на три експлозии.

Во инцидентот
повреден е Марк Бартра, кој има исекотини на рацете од скршеното стакло.

Голманот Роман
Бурки во разговор со медиумите од Швајцарија сега открива повеќе детали.

„Го напуштивме
хотелот околу 7 и 15

вели Бурки. „Кога се приклучивме на главната улица се слушна експлозија
.

„Седев во задниот
дел, покрај Марк Барта кој беше погоден од парчиња од стаклото
.

„По експлозијата,
сите клекнавме, оние кои можеа легнаа на подот. Не знаевме дали ќе се случи
нешто повеќе
.

„Полицијата за
кратко време пристигна и го обезбеди местото
.

„Сите бевме
шокирани, никој во тој момент не мислеше на фудбал
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани