Голманот на Челси: Кукуреља го стави Јамал в џеб, Барселона не е фаворит за трофејот во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси ја совлада Барселона со убедливи 3-0 во петтото коло од Лигата на шампионите и приреди една од највпечатливите партии сезонава. Каталонците беа целосно надиграни, а мечот можеше да има поинаков тек доколку Феран Торес реализираше огромна шанса уште во петтата минута.

Марк Кукуреља, поранешениот играч на Барселона, одигра извонредно. Успеа целосно да го неутрализира Ламин Јамал и ја започна акцијата што доведе до водечкиот автогол на Кунде. За неговата партија доби и пофалби од голманот Роберт Санчез.

Барселона не е фаворит за титулата во Лигата на шампионите, туку Челси е. Кукуреља го стави Јамал в џеб. Секогаш велам дека сите се добри играчи додека не дојдат во Премиер лигата“, изјави Санчез.

Челси со овој триумф се искачи на четвртото место и е многу блиску до директен пласман во осминафиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×