150
Спортиело беше првиот играч на Аталанта кој беше позитивен на коронавирус, уште од 20 март беше откриено дека има Ковид-19.
Аталанта е од Бергамо кој беше едно од најпогодените места на коронавирус во Италија.
Клубот соопшти дека Спортиело конечно е излекуван од коронавирусот.
„Аталанта информира дека играчот Марко Спортиело имаше два негативни тестови на Ковид-19 во последните 48 часа. Тој ќе ги направи сите потребни проверки во наредните неколку дена и ќе може да продолжи со индивидуални тренинзи“, стои во соопштението на Аталанта.