Поранешниот италијански голман Анџело Пагото се присети на времето кога големиот Џанлуиџи Буфон му беше легенда, меѓутоа потоа се осврна и на лошите периоди во животот.
На крајот на фудбалската кариера тој се препушти на пороците и користеше кокаин, што и ден денес има влијание врз неговиот живот.
„Имаше период во кој јас и Буфон бевме најдобри голмани во Италија. Неодамна се чув со него, му честитав на новата улога во репрезентација. Ми кажа: „Морам да ти се заблагодарам бидејќи ти си единствениот поради кој го освоив Европското првенство“, се пошегува. Тој У21 тим беше многу силен, Буфон ми беше резерва, тука беа Тоти, Неста, Панучи и Канаваро. Потоа за мене кокаинот беше бегство, особено кога немав животни цели. Во тој момент бев во Кротоне, не играв многу и мојата кариера беше готова. Запознав лоши луѓе, а дрогата ме одвојуваше од реалноста. Мислев дека тоа е решението за проблемите. Бев зависен од кокаин три години и патев од депресија. Шест месеци не станував од кауч, и натаму пијам лекови“, изјави Пагото.
Пагото на Европското првенство за играчи до 21 година беше прв голман на Италија која го освои трофејот, а Буфон му беше резерва.
Во кариерата Анџело Пагото бранеше за Пистоиесе, Сампдорија, Милан, Перуџа, Емполи, Реџиана, Триестина, Арецо, Торино, Гросето и Кротоне.