Голманот кој беше прогласен за најдобар во Серија А со помош на адвокати сака да ја промени репрезентацијата

by Стефан
1 минути читање

По кратката епизода во дресот на Србија, голманот Миле Свилар сака повторно да заигра за репрезентацијата на Белгија, пренесува „Газета дело Спорт“.

Свилар, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Серија А, одлучен е кариерата на репрезентативно ниво да ја продолжи на голот на Белгија.

За таа цел веќе ангажирал адвокатски тим што треба да му помогне во правните постапки, бидејќи еднаш настапи за Србија. Според пишувањата на италијанските медиуми, голманот верува дека постојат правни „дупки“ кои може да ги искористи и да добие право за настап.

Свилар дебитираше за Србија во 2021 година, во пријателски натпревар против Катар, но потоа го смени мислењето околу неговиот репрезентативен статус.

Фото: Lega Serie A

Можно е и ова да ти се допаѓа

×