Голманите во Премиер лигата незадоволни: Новата топка повеќе е како за одбојка!

by Стефан
1 минути читање

„Пума“ стана нов oфицијален доставувач на топки во Премиер лигата откако договорот со „Најк“ кој траеше 25 години истече минатата сезона, но новата верзија на официјалната топка веќе предизвика бурни реакции.

Уште во првото коло од Премиер лигата, голманите на Манчестер Јунајтед и Челси, лтај Бајндир и Роберт Санчез имаа критики.

„Повеќе наликува на одбојкарска топка и така се движи низ воздухот, претходната од „Најк“ не беше таква. Имам една дома за да се навикнам. Многу е лизгава и го отежнува фаќањето. Ќе има многу грешки оваа сезон“, изјавија голманите.

Според нивните зборови, топката очигледно е направена за напаѓачите, но и тие тешко ја контролираа во одредени ситуации.

Топката за оваа сезона го носи името „Орбита Ултиметј ПЛ“ и доаѓа по завршувањето на долгогодишното партнерство на „Најк“ и Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×