Голманите честеа погодоци, Рома и Лацио ги поделија бодовите (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Победничката серија на Лацио е прекината, вечера Рома ги сопре „бјанкочелестите“ и одигра 1-1, но домаќините можат да жалат што не освоја цел плен.

Натпреварот го одбележаа две големи голмански грешки. Најпрво Стракоша непотребно истрча, па уште и се судри со својот соиграч и му овозможи на Џеко да погоди за 1-0.

На спротивната страна, Пау Лопез комично реагираше при еден корнер и му сервираше топка на Ачерби за 1-1.

Пелегрини ја погоди стативата со прекрасен удар од далечеина, а Џеко имаше неколку добри прилики да ја донесе „волчицата“ во предност, но резултатот остана непроменет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×