Скот Лоуч ќе се врати од спортска пензија и ќе брани во аматерски ранг на фудбалот во Англија.
36-годишникот минатото лето реши да се повлече од фудбалот како член на Дерби, па беше неактивен и се посвети на голмански тренинзи. Сега Лоуч реши аматерски да се врати на спортот и ќе брани за екипата на АФЦ Вејкфилд.
Станува збор за тим кој се натпреварува во десеттиот ранг на фудбалот во Англија, па овој ангажман со сигурност нема премногу да му биде терет на голманот.
Во фудбалската кариера Скот Лоуч беше дел од Вотфорд, Морекамб, Ипсвич, Брентфорд, Ротерам, Бури, Јеовил, Нотс Каунти, Питерборо, Хартпул, Честерфилд, Барнет и последно беше во Дерби. За репрезентацијата на Англија во сениорскиот тим доби три повици, ама е без настап откако претходно беше младински репрезентативец.