Голман сакаше да му брани пенал на Рамос свртен со грб! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Тигрес победија против Монтереј со 2-1 во дербито на 15. коло во мексиканскиот шампионат со луд пресврт.

Сепак, овој меч го одбележа голманот Нахуел Гузман кој сакаше да го деконцентрира и испровоцира Серхио Рамос. Монтереј доби пенал и одговорност презеде искусниот Шпанец. Меѓу стативите Аргентинецот направи интересен потег, бидејќи застана завртен со грб кон пенал точката.

Гузман беше подготвен така да го брани пеналот, а откако имаше мал прекин од клупата му сугерираа да се сврти и мораше да послуша. На крајот Рамос не беше деконцентриран и го реализира ударот од 11 метри за 0-1. Сепак, на крајот во 90. и 95. минута со головите на Франциско Кордова и Николас Ибањез домашните победија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани