Голман направи глупост каква што ретко се гледа: Ова е најбизарниот гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

На натпреварот помеѓу Молдавија и Естонија во квалификациите за Светското првенство беше постигнат еден од најбизарните голови на фудбалските терени во последно време.

Во тек беше 30-тата минута кога Естонците изведоа корнер, а Кевор Палуметс го пронајде Рауно Сапиен кој испрати удар со глава кој не беше опасен проивничкиот голман.

Молдавскиот чувар на мрежата ја фати топката „жива“, но потоа се врати чекор назад, но не забележа дека веќе е зад линијата.

Помошникот забележа и веднаш реагираше. Естонија на крај и го доби натпреварот со 3-2, па може да се каже дека тоа беше и еден од клучните моменти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани