Голман на англиски нисколигаш брутално убиен на железничка станица во Јорк

by 24 фудбал
0 минути читање

Трагични вести доаѓаат од нисколигашкиот фудбал во Англија.

Се работи за смртта на голманот на тимот на Бартон Таун, Џејмс Хичкок. 30-годишникот бил нападнат на железничка станица во Јорк, завршил во болница ама за жал починал поради добиените рани.

Хичкок издржал три дена, меѓутоа поради тешките повреди починал во болницата. Клубот се прости од својот досегашен голман.

Инаку, прв осомничен за убиството е 22-годишно момче кое веќе е приведено и се очекува да му се суди за делото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×