Голгетерот кој имаше тешка сообраќајна несреќа по две години пауза пронајде нов клуб

by Стефан
1 минути читање

Мајкл Антонио, најдобриот стрелец во историјата на Вест Хем во Премиер лигата, конечно се врати на фудбалскиот терен по подолга пауза.

До крајот на сезоната, Антонио ќе го носи дресот на катарскиот Ал Саили, каде што во националното првенство преостануваат уште само шест кола.

Напаѓачот е без официјални натпревари од декември 2024 година, кога доживеа сериозна сообраќајна несреќа, и со неговото ферари удри во дрво, а последиците беа повеќе скршеници и долга рехабилитација.

Во меѓувреме, неговото име се споменуваше во контекст на неколку клубови од Чемпионшип, но Антонио на крајот одлучи да ја продолжи кариерата во Катар, каде најверојатно ја прифати поволната финансиска понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×