Големото засилување на Фенер направи скандал, Мурињо порача: Непочитување, ќе има последици

by bojan
1 минути читање
Мурињо доби отказ од Фенербахче

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо вели дека Џон Дуран покажал непочитување и ги прекршил правилата откако не се појави на стартот на подготовките за новата сезона.

Фенербахче ова лето донесе големо засилување во името на Џон Дуран, кој во јануари се пресели во Ал Наср во трансфер вреден над 70 милиони евра.

Колумбиецот не се снајде во Саудиска Арабија, имаше лични проблеми, па затоа доби дозвола да се врати во Европа.

Сепак, тој успеа да направи скандал уште пред да ја почне авантурата во Фенербахче и го налути тренерот Жозе Мурињо.

Имено, популарните „жолти канаринци“ оваа недела во Португалија ги стартуваа подготовките за новата сезона, а во тренинг кампот не се појави Џон Дуран.

„Ова е големо непочитување. Тука има јасни правила, и секој што нема да ги следи ќе трпи последици. Ќе разговарам со него кога ќе дојде… и ако дојде“ – вели Жозе Мурињо.

ФОТО: X/Fenerbahçe SK

Можно е и ова да ти се допаѓа

×