377
Младата фудбалска
репрезентација на Шпанија со
минималниот триумф од 1-0 против Србија во синоќешниот меч стигна до третата победа
во групата „Б“, за максимални 9 бода од оваа фаза на турнирот, но, на мечот во
Бидгошч се можеше да биде поинаку уште во првите неколку минути.
Уште во почетната
фаза на мечот, поточно во 4. минута при една нафрлена топка од корнер,
дефанзивецот Милош Вељковиќ не успеа да погоди во мрежата од голот на Шпанија,
по една ситуација од која ретко се промашува.
Шпанија со голот
на Денис Суарез во 38. минута дојде до водство од 1-0 и го задржа до крајот на
мечот, по што избори место во најдобрите четири екипи на турнирот во Полска.