1,7K
Исто како и минатата сезона, Шкендија во првото коло ќе му биде домаќин на Вардар, вака сакаше денешната ждрепка за новата сезона во ПМФЛ.
Првото коло се игра на 12. август, недела со почеток од 17 часот.
Двојки за првото коло:
Шкендија – Вардар
Работнички – Ренова
Силекс – Шкупи
Академија Пандев – Македонија ЃП
Победа – Беласица
Исто како и минатата сезона и оваа се игра во четири круга со вкупно 36 кола. Зимската пауза ќе биде од 2. декември до 17. февруари, а првенството треба да заврши на 26. мај.