Маркус Рашфорд е пред трансфер во Барселона, напаѓачот прифатил драстично намалување на платата за да може да се реализира зделката.
Голем број на извори синоќа објавија дека Маркус Рашфорд е пред трансфер во Барселона, напаѓачот ќе се пресели на позајмица со опција во целост да биде купен по крајот на сезоната.
Самиот фудбалер направил големо жртвување со цел да се реализира зделката – се откажал од речиси половина од платата.
Како што пренесе новинарот Бен Џејкобс, тој прифатил околу 10 милиони евра бруто по сезона (сосе бонуси), што во превод е околу 170.000 фунти неделно, Англичанецот на Олд Трафорд има примања од околу 325.000 фунти неделно.
Па Барселона во целост ќе ги покрие неговите примања, а Манчестер јунајтед на една сезона ќе тргне голема сума од сметката за плати.