Привремениот
репрезентативец на Албанија, 25 годишниот Камер Чака потпиша 18 месечен договор
со македонскиот прволигаш Шкендија, за што потврдија и од тетовскиот клуб.
„Прекрасно е
чувството да се биде во овој клуб, слушнав многу добри работи за овој клуб, има
доста сериозни амбиции, едвај чекам да почнам со настапи за да можам да го
покажам мојот потенцијал“ рече Чака на промоцијата.
„Колку што можев
да забележам, Шкендија е доста силна во домашното првенство, но и во Европа
имаше добри изданија, се надевам дека ќе имам можност да помогнам за уште
поголеми успеси на овој клуб, сериозните амбиции на овој клуб ме натераа без
размислување да ја прифатам понудата“ додаде тој.
Роден во Пеќ,
Чака најпрво почнал да настапува за младинските селекции на Норвешка, поточно
за фудбалери до 17, 18 и 19 години, а од 2017 година па наваму има запишано
четири настапи во сениорскиот национален состав на Албанија.
Што се однесува
пак на клупски план, тој има настапувано во норвешкиот клуб Валеренга, како и
во романска Стеауа, потекнува од младинската академија на Брондби од Данска.
Фото-вест:
kfshkendija.com