Денеска наутро Сплит беше погоден од силно невреме кога придонесе за штета и на стадионот „Пољуд“.
Силниот ветер во регионот на стадионот однел дел од кровот, а оштетувања биле забележани и на западниот влез каде што е паднат дел од фасадата.
„Помеѓу јужната и западната трибина на кровот забележано е поголемо оштетување, чекаме невремето да попушти за да ангажираме алпинисти кои прецизно ќе ја утврдат штетата“, изјави портпаролот на Хајдук, Божо Павковиќ за „тпортал.хр“.
Покрај надворешните оштетувања, невремето ја загрозило и внатрешноста на стадионот. Целосно е оштетен новиот тревник кој беше поставен неодамна, но прекината била и елекетричната енергија на неколку места.
Поради направената штета, Хајдук ја откажа прес-конференцијата на која требаше да биде претставено новото засилување Фран Карачиќ.
Poljud’s roof has been heavily damaged after a storm!
— Croatian Football (@CroatiaFooty) July 8, 2025
📸 Index#HNL #Hajduk pic.twitter.com/brzNqMSfYd
Фото: HNK Hajduk Split/X