Големиот рекорд на Фергусон и Јунајтед кој вчера беше изедначен од Гвардиола и Сити

by bojan
2 минути читање
Халанд

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола вчера изедначија едно големо постигнување на Манчестер јунајтед и Сер Алекс Фергусон, двата клуба имаат серија од 25 натпреври без пораз во Лигата на шампиони.

„Граѓаните“ синоќа без многу проблеми победија на гостувањето кај Слован Братислава за прва победа во Лигата на шампиони оваа сезона.

Резултатот донесе неколку рекорди, Манчестер Сити и Пеп Гвардиола изедначија едно големо постигнување на Манчестер јунајтед и Сер Алекс Фергусон, па сега двата клуба имаат серија од 25 натпревари без пораз во Лигата на шампиони.

Манчестер Сити последен пат во Лигата на шампиони изгуби во 2022 година, претрпе пораз од Реал Мадрид од 3-1 во полуфиналето. Од тогаш па наваму поминаа две години и речиси пет месеци.

Пеп Гвардиола исто така надмина и едно друго постигнување на Сер Алекс Фергусон, Шпанецот сега на 13 натпревари во Лигата на шампиони (како тренер на еден клуб) има победи со четири или повеќе голови разлика, додека пак легендарниот Ферги има 12 вакви победи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани