Продажбата на
Њукасл вредна 350 милиони фунти е поблиску до реализација од било кога,
барем така најавуваат медиумите на Островот кои тврдат дека сета потребна
документација е комплетирана, а сега се чека на зелено светло од фудбалските
власти.
„Спортсмејл“
објави дека првиот човек на тимот од „Сент Џејмс Парк“, Мајк Ешли им се доверил
на блиските пријатели дека продажбата на клубот е поблиска од било кога, а тоа
би значело крај на неговото 13 годишно сопствеништво на Њукасл кое мина низ
многу негативни коментари кај навивачите.
Како и да е, во
услови на најави кои реално не се ништо ново на оваа тема околу Њукасл,
медиумите сега се занимаваат со плановите на клубот во иднина, а истите се
доста амбициозни, со оглед на фактот што саудискиот принц со себе носи и богат
буџет за клубот.
Се шпекулира дека
новото раководство на Њукасл во Масимилијано Алегри гледа иден шеф на стручниот
штаб, известува „СпортМедиасет“, а Италијанецот наводно котира највисоко на
списокот на листата на желби.
Според
информациите, новото сопствеништво на Њукасл подготвува и богат буџет за клубот
во периодот кој претстои, а се најавуваат звучни имиња кои во голема мера би
придонеле за брз развој на клубот од резултатски аспект.
Искусниот
италијански фудбалски стратег има богата кариера зад себе во менаџирањето на
клубовите, освои шест титули во „Серија А“, четири во „Копа Италија“, како и
три титули во суперкупот на тоа првенство.
Интересен е
воедно и фактот што Алегри од поодамна објави дека го изучува англискиот јазик,
додаде дека е подготвен за нов предизвик, овој пат вон Италија, а претходно на
големо се поврзуваше со клупата на Манчестер јунајтед.