Големи проблеми за Гвардиола, отсуството на Лапорт ќе остави голема дупка во одбраната подолг период

by
1 минути читање

Шампионот на
Англија, Манчестер Сити веројатно најголемите проблеми во својот состав ги има
на дефанзивните позиции, каде се покажа како најранлив дел од играта на тимот
на Пеп Гвардиола, посебно за стоперските позиции, а од таму пристигна доста
разочарувачка вест за таа екипа.

Столбот во
одбраната на „Граѓаните“, Ејмерик Лапорт веќе имаше успешна операција, сево ова
доаѓа по повредата на коленото за време на мечот против Брајтон на домашен
терен, кој англискиот првак го доби со убедливи 4-0.

Првично постоеше
голема загриженост дека повредата е доста сериозна, меѓутоа, сега очекувањата
се поинакви, иако најпрво се појавија шпекулации дека би можел да отсуствува до
цели 8-9 месеци од фудбалските терени, сега очекувањата се дека францускиот
стопер ќе се врати во вториот дел од сезоната.

Лапорт не е
единствениот проблем кој се најде на списокот фудбалери кои ќе отсуствуваат,
претходно се повреди Сане, и тоа во пределот на лигаментите, повреда која ќе го
оддалечи од терените дури до февруари идната година, рехабилитацијата на
Германецот би можела да тече и до март.

Постојат опции за
Гвардиола во дефанзивната линија, кои сигурно во моментов не му се допаѓаат,
меѓутоа таков е неговиот избор, можно е фудбалерот од средниот ред Фернандињо
да помогне поназад како алтернатива, покрај Кајли Вокер, на десната бековска
позиција има и ново засилување во Жоао Кансело, но, едно е сигурно, одбраната
на Манчестер Сити сигурно нема да биде робусна како што е вообичаено во
периодот кој претстои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×