Големи емоции на „Ла Бомбонера“, ќерката на Марадона плачеше кога играчите дојдоа пред неа да прослават гол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во 12. минута од мечот Кардона постигна прекрасен гол од слободен удар и сите фудбалери на Бока Јуниорс се наредија пред боксот на Марадона каде овој пат беше неговата ќерка Далма. Таа не можеше да ги сокрие солзите, плачеше.

Додека Марадона беше жив, тој често со својата ќерка од тоа место ги следеше натпреварите против Бока, овој пат таа беше сама, со нејзиниот сопруг.

Сите играчи на Бока Јуниорс на овој меч наместо своите презимиња го носеа презимето на Диего Марадона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани