174
Непријатна беше веста дека еден од нашите најдобри фудбалери, Барди има ковид и е во изолација. Но на неизвесноста и дојде крајот, тој доби негативен тест и се враќа во стројот.
Барди од денеска е заедно со останатите наши фудбалери и ќе може да игра уште на првиот меч на Европското првенство против Австрија.
Тој коронавирусот го помина без симптоми, што значи дека се наоѓа во нормална физичка кондиција и нема да има проблеми да биде на своето најдобро ниво на ЕП.