Голема шанса за докажување за Македонецот: Ристовски од првата минута против Јувентус!

by
2 минути читање

Македонскиот репрезентативец и член на Спортинг Лисабон,
25 годишниот Стефан Ристовски вечерва против италијанскиот првак и воедно
европски вицепрвак Јувентус за прв пат ќе биде стартер за својот тим во Лигата
на шампионите, откако претходно доби шанса само на завршницата од гостувањето
кај Олимпијакос.

Од тоа што можеме да го забележиме, сепак Жесус не му даде прилика на нашиот фудбалер да игра на неговата природна позиција како десен бек, туку го постави Ристовски како стопер.


Спортинг Лисабон вечерва е пред сериозен и пред сетежок испит, во
четвртото коло од групата „Д“ од Лигата на шампионите. Дуелот во Лисабон ќе
биде одлучувачки околу второто место во групата кое носи прогрес во следната
рунда, а на претходната пресметка Спортинг иако имаше водство во Торино, сепак
не издржа до крајот, па се врати со пораз од 2-1.

Стратегот од клупата на португалскиот првак, Жорге Жесус
се соочува со големи проблеми во составот, повредени се неколку фудбалери, меѓу
кои и двајца дефанзивци, и тоа стандардните Метју и пред се
Пичини кој игра
на
десната
бековска позиција, инаку природната позиција на која игра и нашиот Стефан
Ристовски.

Барселона е прва во групата со девет бода, максимални
засега, Јувентус со шест е на второто место а следи Спортинг Лисабон со три
бода. Олимпијакос по три кола не знае за бод во оваа конкуренција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани