180
Двата претенденти
кои ќе се борат за европската титула во големото финале од Лигата на шампионите
сезонава, Реал Мадрид и Јувентус ги одредија премиите за своите фудбалери по
евентуално освојување на мошне драгоцената титула.
Разликата во
однос на ветените премии од страна на двата клуба е навистина голема,
раководството на Реал Мадрид им вети на своите фудбалери награда од по еден
милион евра во случај да го совладаат Јувентус.
Од друга страна,
италијанскиот шампион на своите фудбалери ќе им додели по 350 илјади евра.
Големата финална
пресметка од елитното европско клупско натпреварување се игра утре во Кардиф во
терминот од 20 часот и 45 минути.