Голема победа на Словенија против Полска, Австрија ја наполни мрежата на Летонија

by
1 минути читање

Словенија и Австрија кои се конкуренти на Македонија за второто место вечерва победија. Изненадување направија Словенците кои го совладаа главниот фаворит во нашата група, селекцијата на Полска.

Резултатот беше отворен во 35. минута кога по еден корнер Струна се најде на вистинското место и погоди за водство на Словенија од 1-0.

Во 65. минута Словенија го зголеми водството по една контра, Иличиќ асистираше до Шпорар кој речиси од мртов агол постигна погодок за конечни 2-0.

Австрија ја оствари најубедливата победа во досегашниот дел од квалификациите во нашата група откако денеска ја совлада Летонија со 6-0.

Арнаутовиќ даде два гола, по еден постигнаа Сабиџер, Лаимер и Грегориш, еден беше автогол на Стенборс.

Во понеделник Македонија гостува токму на Летонија каде што трите бода се императив. Полска игра против Австрија, а Словенија го пречекува Израел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×