Eкипата на Барселона по цели пет години повторно може да работи во однос 1:1, односно да троши исто колку и што заработува што значи дека Дани Олмо и Пау Виктор ќе бидат регистрирани.
Сагата со двајцата фудбалери долго трае, а изгледа дека крајот ќе биде со позитивен исход за Барселона.
Барселона во текот на летото потпиша договор со „Најк“ вреден 1.7 милијард евра за наредните 14 години, односно 121 милион по сезона. Но, кога Ла Лига порача дека ниту тоа на е доволно, Лапорта се одлучи да продаде ВИП седишта на „Камп Ноу“ за наредните 20 години за 100 милиони евра.
Првично Ла Лига го одби тој договор бидејќи бараше парите веднаш да бидат уплатени, но Барселона и тоа го реализираше до полноќ изминатата вечер.
Поголем број медиуми од Каталонија тврдат дека се е завршено и дека Барселона конечно успеала да се врати 1:1 работење и од летото 2025 ќе може посериозно да купува и да ги троши парите кои ги има во касата.