Голема чест за Панчев и Најдоски, Македонците со почесен круг за Црвена Звезда пред мечот со Наполи во ЛШ

by
1 минути читање

Српскиот првак
Црвена Звезда немаше воопшто среќа на ждрепката за групите во Лигата на
шампионите, па се најде во конкуренцијата „Ц“ во друштво на Ливерпул, Париз
Сент Жермен и Наполи.

Токму Наполи е
нивниот прв противник кого ќе го пречекаат на домашен терен во првото коло
предвидено да се одигра на 18 септември, а пред самиот старт домашната публика
ќе има можност да ја поздрави онаа генерација од 1991. во која беа и нашите
Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Тогаш Црвена
Звезда во Бари, Италија стана европски шампион по изведување на пенали откако
мрежите од мечот против Олимпик Марсеј мирува, а токму Панчев беше стрелец на
голот за дефинитивна победа на српскиот клуб, токму во 1991. година Панчев ја
освои Златната топка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×