Пари Сен Жермен ќе мора да ѝ се спротивстави на Барселона без една од своите најголеми ѕвезди. Квича Кварацкелиа ќе го пропушти натпреварот во Лигата на шампионите поради повреда на бутниот мускул, која ја заработи на дуелот со Оксер во француското првенство.
Грузиецот беше заменет на полувреме, а клубот денеска потврди дека не е во составот за средбата во Каталонија. Добра вест за тренерот е враќањето на Витиња, кој беше принудно заменет против Оксер, како и присуството на Жоао Невеш по паузата од две кола.
Сепак, проблемите со повреди не завршуваат тука. Маркињос и натаму е надвор од терените, а Дембеле и Дезире Дуе сè уште се во процес на рехабилитација.
ПСЖ во среда од 21 часот гостува на „Камп Ноу“ во дербито од второто коло во Лигата на шампионите. Парижани во првото коло славеа убедливо против Аталанта со 4:0, додека Барселона беше подобра од Њукасл со 2:1.