753
Нови главоболки за Микел Артета, сезоната заврши и за Каи Хаверц, кој се повреди на тренинг кампот во Дубаи.
Арсенал не успеа да донесе нов напаѓач во последните денови од преодниот рок, а овој неуспех може да се покаже како кобен во продолжението од сезоната.
Каи Хаверц се повреди на тренинг кампот во Дубаи, а како што пренесуваат медиумите, оштетувањето на задната ложа е сериозно и за Германецот сезоната веќе е завршена.
Сезоната од претходно беше завршена и за Габриел Жесус, додека пак Букајо Сака нема да се врати на терените уште неколку недели, а се чекаат вести и за повредата на Габриел Мартинели.
Па во следниот период Микел Артета ќе има прилично ограничен избор кога е во прашање нападот.