Голем трансфер во најава за ова лето – Веќе е позната следната дестинација за Обамејанг

by
1 минути читање

Според најновите
информации кои пристигаат, германски „Билд“ пренесува дека брзоногиот фудбалер
на Борусија Дортмунд, Пјер
Емерик
Обамејанг веќе купил вила во елитно населено место во Париз, со што се најавува
негова преселба во тимот на Париз Сент Жермен.

Се шпекулира дека
Обамејанг ќе потпише четиригодишен договор со ПСЖ, по кој ќе има годишна плата
од околу 14 милиони евра.

За овој трансфер
бундеслигашот ќе добие фантастични 70 милиони евра обештетување.

Обамејанг бележи
одлична сезона зад себе, 27 годишниот напаѓач на 32 натпревари постигна 31
погодок во Бундеслигата изминатата сезона.

Тимот од Дортмунд
по заминувањето на напаѓачот од Габон, наводно целосно ќе се фокусира кон
ангажман на Александре Лаказет од Лион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани