Голем талент на Реал Мадрид може да заврши во Борусија!

by Стефан
1 минути читање

Борусија Дортмунд, според последните информации го следи 18-годишниот стопер на Реал Мадрид, Жоан Мартинез. Младиот дефанзивец засега не е дел од плановите на Чаби Алонсо за првиот тим и оваа сезона запиша 11 настапи за вториот состав на „кралевите“ под водство на Алваро Арбелоа.

Дортмунд гледа простор веднаш да му понуди минутажа, на највисоко ниво, но Мартинез има договор со Реал Мадрид до 2029 година во кој има и откупна клаузула од 70 милиони евра.

Во исто време, од Шпанија пристигнуваат информации дека во Реал има план Мартинез да биде вметнат во првиот тим веднаш по заминувањето на Давид Алаба и Антонио Рудигер, неешто што се очекува да се реализира следното лето.

Засега не е познато каков е ставот на младиот фудбалер и дали му се брза да добие минутажа на највисоко ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×