Голем скандал ја тресе фудбалска Турција, поради Мурињо оставка си поднесе цела дисциплинска комисија

by bojan
1 минути читање
Мурињо

Претседателот на дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Турција, како и неговите најблиски соработници, поднесоа оставки откако протекоа пораки со кои го таргетирале Жозе Мурињо.

„Специјалниот“ предизвика неколку скандали откако седна на клупата на Фенербахче, а сега тој е причина и за нова бура во фудбалска Турција.

Првиот човек на дисциплинската комисија при ФФТ, Челал Нури Демиртурк како и неговите најблиски соработници, си поднесоа оставки откако во јавност протекоа пораки со кои го таргетирале Жозе Мурињо.

„Ќе си плати убаво за ова следната сезона. Премногу го толерираме“ – се вели во една од пораките.

Изминатава сезона, Жозе Мурињо во неколку наврати ги критикуваше судиите дека се пристрасни кон Галатасарај, а имаше и неколку други испади поради кои беше казнуван.

ФОТО: Print screen

Можно е и ова да ти се допаѓа

×