Голем сеир за едниот клуб: Како изгледа комбинираниот тим на играчи од Ливерпул и Јунајтед според Дени Милс? (ФОТО)

by
1 минути читање

Во недела од 17:30 часот Манчестер јунајтед го пречекува Ливерпул. „Скај Спортс“ веќе почна да го најавува мечот.

Дени Милс имаше задача да креира комбиниран тим од двете екипи, тој тоа го направи на урнебесен начин кој нема да им се допадне на фановите на Јунајтед.

Поради актуелната форма и на двете екипи, во тимот на Милс има 11 фудбалери на Ливерпул. Во тимот кој требаше да биде составен од двете екипи тој не стави ниту еден играч на Манчестер јунајтед кој игра во очајна форма на почетокот од сезоната.

Ваквиот тим на Милс брзо почна да служи за мајтап на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×