Голем проблем за Ливерпул, се повреди еден од лидерите на тимот

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул по двата врзани порази доби и други лошо вести. „Црвените“ останаа без својот прв голман Алисон Бекер.

Бразилецот се повреди на дуелот со Галатасарај и уште во првото полувреме беше заменет. Првичните прегледи покажаа дека станува збор за проблем со задната ложа, поради што искусниот чувар на мрежата ќе отсуствува до крајот на ноември.

Ова значи дека Алисон ќе ги пропушти најважните мечеви во овој дел од сезоната, меѓу кои пресметките со Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во Премиер лигата, како и дербито со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Арне Слот сега ќе мора да се потпре на Ѓорѓи Мамардашвили, кој минатата сезона беше договорен од Валенсија и летово се приклучи на „црвените“. Иако се сметаше за долгорочно решение на голот, Грузиецот добива шанса многу порано од очекуваното.

Алисон е еден од најдобрите поединци на Ливерпул во досегашниот дел од сезоната и останува да се види колку неговото отсуство ќе се одрази врз амбициите на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×