161
Реал Мадрид потврди дека повредата на Марсело во мечот
против Бетис во средата не е наивна, клубот не прецизираше колку Бразилецот ќе
отсуствува од терените, но се шпекулира дека неговата рехабилитација би можела
да трае дури еден месец.
Веќе станува „болница“ во редовите на тимот на Зидан,
францускиот стратег претходно остана без Тео Ернандес, Карим Бензема, Тони
Крос, Матео Ковачиќ и Хесус Валјехо.
Кралевите имаат лош старт во домашното првенство, во
новата сезона од Примера забележаа две победи, исто толку ремија и еден пораз,
дури седум бода е разликата со најголемиот ривал во битката за титулата,
Барселона која моментално е лидер во тамошниот шампионат.