Како што пренесува Токспорт, Арсенал го обновил интересот за Душан Влаховиќ и Србинот може да заврши на Емирати до крјаот на овој месец поради сплет на околности.
Душан Влаховиќ подолго време се поврзува со Арсенал и Србинот овој месец конечно би можел да се пресели во Лондон.
Како што пренесува Токспорт, Арсенал го обновил интересот за напаѓачот поради повредата на Габриел Жесус.
Прогнозите за Бразилецот се лоши, се стравува дека тој ги оштетил лигаментите на коленото и за него сезоната е завршена.
Микел Артета не сакаше да го потврди ова, но рече: „Не изгледа добро, ќе треба да се консултираме со уште еден специјалист и попладнево ќе знаеме повеќе. Но прилично сме загрижени“.
Па големиот пех на Жесус ја отвара вратата за ангажман на Душан Влаховиќ, а како што додава Токспорт, услуга ќе треба да направи и Тотнем.
Имено, „спарси“ се заинтересирани за Коло Муани од ПСЖ, кој исто така е цел на Јувентус. Доколку Тотнем не успее во намерата и „старата дама“ ја добие битката за Французинот, ова драстично ќе ги зголеми и шансите за трансфер на Душан Влаховиќ.
Микел Артета одби да говори за конкретни имиња, но порача: „Активно следиме што се случува на пазарот со цел да го подобриме составот. Секогаш внимателно следиме и се обидуваме, па ајде да видиме што ќе се случи“.