Голем јубилеј за Кјелини во дресот на Јуве

by
1 минути читање

Џорџо Кјелини
вечерва ќе го запише својот 500ти настап во дресот на Јувентус, италијанскиот
првак има тешка задача во реванш пресметката со Атлетико Мадрид каде пред своја
публика ќе треба да анулира негатива од 0-2 стекната од првиот дуел во
осминафиналето од Лигата на шампионите.

Оваа вечер секако
ќе биде посебна за искусниот 34 годишен италијански дефанзивец кој бележи
голема бројка настапи зад себе во дресот на Старата дама.

МОЖНИ ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: ЈУВЕНТУС – АТЛЕТИКО МАДРИД

Кјелини
дебитираше за Јувентус во 2005. година на 15 октомври, и тоа од клупата за
резервни фудбалери, а тоа се случи на мечот против Месина во Серија А каде
тимот од Торино славеше минимално со 1-0, играјќи на позицијата лев бек.

Досега Кјелини
одигра 499 натпревари за Јувентус во сите конкуренции, во кои постигна 35
погодоци, а реализираше и 23 асистенции, 88 пати беше опоменат со жолт картон,
а доби и два црвени картони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×