97
Атлетико Мадрид
го понижи руски Локомотив Москва совладувајќи го со убедливи 1-5 на негов терен
во реваншот од осминафиналето во Лига Европа, но го загуби на извесен период
својот дефанзивец Филипе Луис.
Бразилецот се
здоби со фрактура на ногата по што мораше да биде замент по 62 минути игра на
дуелот во Москва.
Скршеницата со
која се здоби дефанзивецот би можел да го оддалечи од Светското првенство кое
се одржува токму во Русија, но засега не е познато колкав ќе биде периодот на
неговата рехабилитација, барем засега нема информации од клубот, а се
претпоставува дека би можел да паузира до шест недели.