Голем гест: Српските фудбалери премијата од 1 милион евра ќе ја донираат на болни деца!

by
1 минути читање

Пред
експедицијата на Србија да отпатува во Португалија, претседателот Александар
Вучиќ се качи во авионот за да им посака среќа и да им вети премија од 1 милион
евра за победа во Лисабон и плсман на мундијалот во Катар.

Со голот на
Митровиќ во 90. минута, „орлите“ синоќа триумфираа над Португалија и обезбедија
настап на Светското првнество во 2022 година.

Па ветувањето на
претседателот Александар Вучиќ денеска е реализирано и парите се префрлени на
сметка на Фудбалската федерација на Србија.

Но според
медиумите, српските фудбалери нема да ги поделат овие пари, тие се договориле
да ја донираат сумата од 1 милион евра и средствата да бидат користени за
лечење на болни деца.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани