882
Поранешниот вардарец, Владица Брдаровски купи 250 билети за хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена звезда и ќе ги раздаде на оние кои сакаат да одат.
Битолчанецот кој го носеше дресот на Вардар од 2015 до 2020, како и од 2023 до минатата полусезона, направи хуман потег и купи 250 билети за утрешниот меч.
Тој информираше дека билетите ќе бидат оставени во кафе барот Паладиум и кој сака може да си подигне влезница од таму.
Средствата собрани од продажбата на билетите од мечот меѓу Вардар и Црвена звезда одат за настраданите од големата трагедија која се случи во Кочани.