189
Иако директно не го повреди Андре Гомеш, Сон стартуваше врз фудбалерот на Евертон по што тој заработи хорор повреда, скршеница на зглобот.
Откако виде што се случи, Сон тогаш почна да плаче, па останатите играчи на теренот го смируваа.
Денеска Сон го играше првиот меч по тој несреќен дуел, Тотнем ја победи Звезда со 4-0, а тој даде два гола.
Кога го реализираше првиот, наместо да се радува, Сон отиде пред камерата и се извини за стартот врз Гомеш.
Son’s sorrypic.twitter.com/jnUFHR4bGI
— Goal (@goal) November 6, 2019