Џастин Клајверт
синоќа прикажа одлична партија во убедливата победа на Рома против Викторија
Плзењ во Лигата на шампионите на Олимпико со 5-0.
Младиот и
суперталентиран холандски фудбалер во дебито за Римската волчица во елитното
европско клупско натпреварување постигна гол, а фактот што тој учинок го
реализираше со 19 години и 150 денови, го прават најмладиот стрелец на гол во
дресот на италијанскиот прволигаш во тоа натпреварување.
Исто така,
Клајверт стана и најмладиот холандски фудбалер кој запишал погодок во Лигата на
шампионите, но, покрај тоа, синот на прославениот Патрик, направи еден
прекрасен гест, својот гол го посвети на Абделхак Нури, неговиот поранешен
соиграч од Ајакс, кој лани колабираше на терен и падна во кома, а потоа се
здоби со оштетување на мозокот.
class="twitter-tweet" data-lang="en">