Голем гест на Јувентус: Го вработи фудбалерот кој ја прекина кариерата по битката со туморот

by Стефан
1 минути читање

Неодамна во центарот на вниманието се најде поранешниот фудбалер на Јувентус Симоне Мураторе кој објави дека мора да ја прекине кариерата по тешката битка со ракот.

Mураторе кој денес има 26 години пред пет години го живееше својот сон кога дебитираше за „старата дама“ во Лигата на шампионите, но подоцна му беше откриен тумор.

Битката за својот живот Мураторе ја победи, меѓутоа нема да може да продолжи да игра фудбал.

„Поминаа денови, недели, месеци, години на страдање. Морав повторно да научам како да зборувам правилно, да одам, да трчам, да пишувам, да читам и да бројам. Беше како повторно да станав дете и требаше да почнам одново. Пробав сè и ми требаа солзи и пот за да се вратам, но не бев како порано, сфатив дека имав среќа да играм со извонредни играчи, шампиони, на теренот, но пред се надвор од теренот.

Благодарен сум за сè што направив и постигнав во таа зелена ложа заедно со моите соиграчи, кои подоцна ми станаа пријатели, тие беа славни години, теренот, соблекувалната, страста, тоа се работи кои тешко се објаснуваат ако не сте ги доживеале“, гласеше неговата објава.

Во оваа ситуација Јувентус ја покажа својата големина и одлучи Мураторе да биде дел од стручниот штаб.

Како што е потврдено тој ќе биде новиот технички соработник за младинскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×