1,8K
Фудбалерот на Динамо Загреб се врати на фудбалските
терени.
Аријан Адеми само два дена откако му истече двегодишната
суспензија откако падна на топинг тест, вечерва доби прилика за настап против
Лихтенштајн во дресот на нашата фудбалска репрезентација во последното коло од
квалификациите за СП Русија 2018.
Нашиот фудбалер постојано ја имаше поддршката од
македонската спортска јавност, како од соиграчите во репрезентацијата, а воедно
и селекторот Игор Ангеловски кој направи гест за паметење.
Само пет минути откако влезе во игра (63. минута) погоди
за водство од 4-0 против Лихтенштајн, а голот го прослави со солзи во очите,
откако не можеше да им оддолее на емоциите.