Голеада во Лондон: Венгер се поправи за грешката со составот, „џокерите“ донесоа триумф за Арсенал против Лестер (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Арсенал се намачи
да дојде до почетни три бода на стартот од англиската Премиерлига, а за тоа да
го направи францускиот стратег од клупата на Топчиите, Арсен Венгер мораше да
ги поправа грешките кои ги направи со почетниот состав.

Лестер мошне
лесно минуваше по левата страна, каде Арсенал имаше болна точка, и тоа во
Холдинг кој беше целосно индиспониран и не можеше да му парира на Олбрајтон.

Лаказет ги доведе
домаќините во водство уште во втората минута, гостите само три минути подоцна
преку Оказаки израмнија на 1-1 за веќе во 29. минута и да поведат со голот на
Варди.

И тука не
завршија и двете екипи, следеше израмнување со голот на Велбек во самиот финиш
на првиот дел.

Лестер со вториот
гол на Варди, овој пат во 56. минута повторно дојде до водство, овој пат од
2-3.

Во продолжение се
случи пресврт и тоа со „џокерите“ од клупата на Венгер, најпрво Ремси израмни
во 83. Минута, а две минути подоцна погоди и Жиру за конечни 4-3 од овој
натпревар.

Ќе издвоиме и
дека Венгер се реши во 67. минута да направи две клучни замени кои му ја
донесоа победата од овој меч, Ремси влезе на местото на Елнени, додека пак Жиру
го замени Холдинг, промени кои дефинитивно донесоа триумф на домаќините од овој
меч.








Натпреварите од
воведното коло од Премиерлигата продолжуваат утре, а прв на утрешната програма
е дуелот Ватфорд – Ливерпул (13,45).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани